Поранешниот кошаркар на Кливленд потпиша за Партизан

21
at Prudential Center on March 19, 2012 in Newark, New Jersey. NOTE TO USER: User expressly acknowledges and agrees that, by downloading and or using this photograph, User is consenting to the terms and conditions of the Getty Images License Agreement.

Српскиот кошаркарски клуб, Партизан, чекаше и дочека вистинско засилување под обрачите, откако успеа да стигне до потписот со поранешниот кошаркар на Кливленд, Самардо Самуелс.

Силниот Јамајканец треба и тоа како да биде големо засилување за тимот на Мута Николиќ во продолжение од сезоната. Овој искусен кошаркар последните две години ги помина во Барселона, а поради големиот број повреди минатата сезона беше на позајмица во кинески Џангсу Дрегон.

Сезонава потпиша за шпански Бетис, но по еден месец го раскина договорот. Во својата кариера исто така Сандерс има играно и за Макаби Хаифа и Армани Милано.