Поранешната светска шампионка во шах ја тужи „Нетфликс“ за клевета во „Дамски гамбит“

62

Судот во Калифорнија одби да ја отфрли тужбата против Нетфликс од поранешната светска шампионка во шах Нона Гаприндашвили.

Адвокатите на таа платформа ќе треба во судница да докажат дека еден од најдобрите шахисти во историјата не бил наклеветена во серијата „Дамски гамбит“.

Тужбата дошла затоа што во исклучително популарната и гледана серија пишувало дека Гаприндашвили никогаш не играла шах против мажи, иако многу лесно може да се најдат податоци дека до 1968 година, на која се однесува серијата, играла против дури 59 шахисти.

Нејзините адвокати во тужбата навеле дека креаторите на серијата на тој начин ја „извалкале нејзината лична и професионална репутација“, а тврдењето дека таа не играла против мажи го оквалификувале како „сексистичка и омаловажувачка“, објави „Варајети“.

Нетфликс побара од судот да ја отфрли тужбата, тврдејќи дека првиот амандман им дава на креаторите широка уметничка слобода, а тие изјавија дека „ниту еден разумен гледач не би го сфатил спорното тврдење како да претставува факт“, бидејќи е очигледно дека се работи за измислени ликови.

Покрај тоа, тие процениле дека милиони гледачи ќе мора добро да го познаваат советскиот шах од 1960-тите за да сфатат дека тоа е наводна клевета.

Судијката Вирџинија Филипс не се согласи со тоа и заклучи дека Гаприндашвили има доста убедливи аргументи дека била клеветена, како и дека делата со фиктивни ликови не се ослободуваат од обвиненијата за клевета, доколку во нив се омаловажуваат вистинските луѓе.

„Фактот дека серијата е за измислени ликови не го ослободува Нетфликс од одговорност за клевета, доколку се присутни сите елементи на клеветата“, заклучила Филипс.