Поранешен функционер на Црногорската агенција за национална безбедност пронајден мртов

81

Поранешниот шеф на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на Црна Гора Лука Булатовиќ денеска е пронајден мртов во Подгорица.

Според Бета, главниот специјален обвинител Миливоје Катниќ за порталот на РТЦГ изјавил дека во тек е истрага.

– Постои основа за сомневање дека некој сторил кривично дело во рамките на нашата јурисдикција и ние преземаме истрага, посочи Катниќ.

Некои локални медиуми јавија дека долгогодишниот висок функционер на АНБ наводно извршил самоубиство и оти е пронајдено и проштално писмо