Пораз на Кирил Георгиев

83

Мечевите од првото коло на Европското индивидуално шаховско првенство 2019 кое се одржува во Скопје, минаа со неколку изненадувања.

Најголемото изненадување го направи 18-годишниот Литванец, Паулиус Пултиневициус, кој го победи Русинот Рауф Мамедов, а исто така и еден од најдобрите македонски шахисти, Кирил Георгиев, претрпе пораз од Германецот Филиз Османдоѓа. Голем триумф забележа и Горан Тодоровиќ од Србија, кој го совлада Павел Ељанов и тоа по само 30 потези.

Од фаворитите, српскиот мастер Горан Арсовиќ забележа сигурна победа над Салгадо Лопез Иван, додека Гркот Георгиос Мицис го доби Белорусинот Сергеј Жигалко.