Поради ризик од акутно труење: Итно повлечен производ од европскиот пазар

156

Надлежните служби во Данска одлучија да го откажат увозот на јужнокорејските инстант тестенини бидејќи се премногу зачинети и носат ризик од „акутно труење“, објавија денеска медиумите.

– Оваа одлука ја донесе данската агенција за храна, предупредувајќи ги љубителите на јужнокорејските тестенини дека три производи на компанијата Самианг Фудс содржат опасни нивоа на капсаицин, активната компонента на лутите пиперки, објави данската управа за ветеринарство и храна, пренесува лондонски Гардијан.

По оваа одлука, три производи од линијата за инстант рамен Самианг – Buldak 3k Spici & Hot Chicken, 2k Spici & Hot Chicken и Hot Chicken Cov, беа повлечени од малопродажбата во Данска.

– Доколку ги имате овие производи, треба да ги фрлите или да ги вратите во продавницата каде што се купени, се вели во соопштението на данската управа за ветеринарство и храна.

Посебно предупредување е издадено и за децата кои јадат тестенини, а родителите се повикуваат да го контактираат локалниот оддел за токсикологија доколку мислат дека нивните деца покажуваат „акутни симптоми на труење“.

Компанијата Samiang Foods, чии производи се многу популарни ширум светот, објави дека ова е прв случај производите на компанијата да се повлечат од продажба бидејќи се сметаат за премногу зачинети и додаде дека ќе се ангажираат за подобро разбирање на локалните регулативи во извозни пазари.

– Во моментов нашите производи се извезуваат низ целиот свет, но ова е првпат да бидат повлечени од продажба поради оваа причина, изјави портпаролот на Самианг фудс, чија оперативна добивка во 2023 година достигна 110 милиони долари.