Поради погрешна дијагноза морале да му ги ампутираат рацете и нозете

21

Давид Моранa кој бил голем обожавател на спортот, од јануари е врзан за кревет, бидејќи докторите во Мурси, Шпанија, каде што тој живеел, не му ја открија смртоносната бактерија која предизвикува менингитис.

Тој бил примен во ургентниот центар во Мурси, поради слабост, зголемена температура и болки во вилицата. Таму му направиле анализа на крвта и мокрачата, но не откриле ништо и го отпуштиле од болница со дијагноза за грип.

Но, на младото момче му станувало само полошо. Температурата му се зголемила до 39 степени и започнал да повраќа, додека следниот ден се разбудил со дамки на лицето.

“Се чувствував многу слабо. Имав болки во стапалата, чувството беше како да ми се нозете смрзнати. Кога ги соблеков чорапите, погледнав дека и на стапалата имам темни дамки, но многу повеќе отколку на лицето”, вели Давид.

Потоа кога повторно отишол на болница, дознал дека тој страда од менингитис, но веќе многу било доцна. За само помалку од два дена неговите дамки станале виолетови и му се прошириле на целото тело. Неколку органи ја откажале работата и се борел за живот.

За една недела, на младиот спортист му биле ампутирани нозете и рацете. Сега на Интернет собира пари за протези за да може сам да се грижи за себе и повторно “нормално” да живее.

Тој вели дека секој слободен момент и ден го користи за да се занимава со спорт, како пливање и трчање, но дека ужива и во дружењето со пријателите и готвењето. Покрај сè што преживеал, тој не губи надеж и се радува за тоа што ќе може повторно да го живее животот.