Поради недостаток од туристи Бугарија порано ќе ја затвори туристичката сезона

81

Повеќето хотели на Сончев Брег ќе затворат до 10 септември поради недостаток на туристи кои ги претпочитаат септември и октомври за одмори, изјави Елена Иванова од Сојузот на сопственици во одморалиштето.

Некои од хотелите се отворени само две недели оваа летна сезона и се затворени поради непрофитабилноста.

-Хотелите не ја отворија целата своја база, туку само 50 отсто од нивната база на кревети. Да, дефинитивно делот што го отвориле досега е добро исполнет, некои од нив работат со 70-80 отсто пополнетост на капацитетите, вели Иванова.

Таа додава дека по улиците нема многу туристи, а комлексот никогаш не бил толку празен. На плажите има луѓе, но претежно Бугари кои се во нивните имоти.