Дома КУЛТУРА Поради него повеќе ја сакаме Шпанија: Златен лав за животно дело за...

Поради него повеќе ја сакаме Шпанија: Златен лав за животно дело за Алмодовар

136

Шпанскиот режисер Педро Алмодовар ќе го добие Златниот лав за животно дело на годинешниот Венециски филмски фестивал, соопштија организаторите.

Директорот на фестивалот Алберто Барбера изјави дека Алмодовар е „режисер кој ни понуди мнгузначни, контроверзни и провокативни портрети на Шпанија по (долгогодишниот диктатор Франциско) Франко.

Неговите филмови се занимаваат со „страста и идентитетот“, проткаени со „саркастичен хумор“ и украсени со „визуелен сјај“, изјави Барбера.

-Тој Златен лав ќе ми биде домашен миленик, заедно со двете мачки со кои живеам. Благодарам од срце за оваа награда, изјави Алмодовар.

Венецискиот филмски фестивал, кој е најстариот во светот, оваа година ќе се одржи од 28 август до 7 септември.