Прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме од утре да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани во градинките“, рече Филипче на пресконференција
Министерството за здравство прогласи епидемија на морбили или мали сипадници на територија на градот Скопје поради 12 нови случаи. Шест од новите случаи се потврдени со соодветни анализи, а за останатите 6 анализите се очекуваат утре. Меѓу новите случаи повеќето се деца, но има и возрасни, а сите нови случаи се невакцинирани лица со МРП вакцината.
„Прогласена е епидемија на мали сипаници во Скопје и принудени сме од утре да донесеме привремена мерка – забрана за носење на деца кои не се вакцинирани во градинките“, рече Филипче.
Тој додаде дека здравствените власти ја држат под контрола ситуацијата со малите сипаници и дека се прават увиди на сите пунктови за вакцинирање.
„Од 15.000 невакцинирани деца под 14 годишна возраст со повиците за вакцинирање, само 310 се вакцинираа што е исклучително мала бројка“, рече Филипче.
Тој потенцира дека во Србија и Романија има епидемија на морбили и како што појасни станува збор за исклучително опасна и смртоносна болест. Додаде дека во Србија починале 30 лица, а во Романија -50.