Поплава во Сплит, дел од патиштата во Далмација се затворени

30
Пороен дожд утрово паѓа на Јадранот, а многу улици во центарот на Сплит се поплавени.
Хрватскиот автомобилски сојуз ХАК предупредува дека патиштата низ Далмација се полни со вода, а на некои места се затворени поради непроодност.
„На места има магла, а можна е и појава на одрони, особено на Јадранската магистрала (DC8) и патишта на планините. Ги предупредуваме возачите да не тргнуваат на пат без пропишаната зимска опрема, соопшти ХАК.
Поради водата на патот затворени се локалните патишта во месноста Вргорац.
Според прогнозата на метеоролозите, во Хрватска попладне и навечер се прогнозира снег.