Понуда што не се одбива: Наместо од дома, работете една година од Барбадос

103

Луѓето кои работат од дома поради пандемијата на коронавирусот, би можеле тоа да го прават, не било каде, туку од карипскиот остров Барбадос, бидејќи владата на таа земја има многу интересен предлог.

Премиерката Миа Мотли размислува да покрене проект 12-month Barbados Welcome Stamp со којшто на луѓето од странство им се овозможува да живеат на остров една година додека работат од далечина, пишува Sky News.

Мотли предложи вакво решение за спас на туризмот и економијата со оглед на тоа што краткорочните патувања станаа проблематични за време на пандемијата.

Според Travel Market Report, туризмот сочинува 40% од бруто домашниот производ на Барбадос, а 30% од работната сила работи во секторот туризам, којшто е најпогоден поради приземјување на авионите и запирање на патувањата со крузери.

Премиерката ја предложи оваа можност за едногодишен престој, бидејќи се приближува датумот кога повторно ќе ги отворат границите за меѓународни посетители (12 јули).

“Не мора да работите во Европа, САД или Латинска Америка, ако можете да дојдете овде и да работите неколку месеци, да дојдете и да се вратите“, порача Мотли.

Сепак, за оние што ќе се одлучат, а и можат да патуваат на Барбадос, треба да знаат дека им е потребен негативен резултат на тестот за Ковид-19, како и дека мораат да носат маски на аеродромот.