Понуда за Киелини

44

Раководните лица на американскиот фудбалски клуб, Лос Анџелес, потврдија дека пред неколку дена испратиле понуда до легендарниот капитен на италијанскиот калчо гигант Јувентус, Џорџо Киелини. Поранешниот репрезентативец на Италија на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и се уште нема донесено конечна одлука околу тоа дали да продолжи со својата кариера или пак да биде дел од клупската структура на „старата дама“.