Понекогаш 90% од поседот на топката не е доволен за победа

28

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ријад Марез, по победата над Вулверхемптон во 29. коло од англискиот фудбалски шампионатот (4:1), истакна дека натпреварот бил многу тежок.

  • Тоа беше тежок меч. Почнавме многу добро и создадовме шанси. Можевме да го решиме исходот на средбата во првото полувреме. Второто полувреме беше малку потешко, но сепак создадовме шанси, продолживме да играме и да притискаме. Понекогаш може да имате посед 90 проценти од времето, но не и да победите. Последните 10 минути во нашиот перформанс беа многу добри. Одиме чекор по чекор. Следниот натпревар е со Манчестер Јунајтед, и треба да се фокусираме на него, изјави Марез за „Би-би-си“.