Положено цвеќе на споменикот на Роберт Гајдик

122

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и амбасадорот на Р. Чешка, Н.Е. Мирослав Томан, претставници од Сојузот на борците, пензионери и граѓани и оваа година положија свежо цвеќе на споменикот на Роберт Гајдик.

Роберт Гајдик е граѓанин на поранешна Чехословачка – борец во НОБ, кој од 1939 година живеел во Скопје, а е погубен од окупаторот на 14 јануари 1942 година.

-Со овој симболичен чин на положување на цвеќе, ја одбележуваме традиционално добрата соработка со Република Чешка, но го одржуваме жив и споменот на Роберт Гајдик и долгата борба за слободна и самостојна современа македонска држава-потенцира Богдановиќ.