Полицијата почна да одзема возила

Возилото ќе се одзема на три месеци и ако не е регистрирано или пак создава голема бучава, а на три дена во случај да е неисправно. Ваквите возила полицијата ќе може да ги задржи три месеца.

614

Дваесет и четири возачи останале без своите возила и заработиле казна бидејќи управувале технички неисправни или нерегистрирани автомобили. Од нив, најмногу (10) се од Струмица, две помалку од Тетово, пет биле штипски, а само едно со скопски таблички. Полицијата информира дека продолжува акцијата која се спроведува согласно член 344 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој стапи на сила на 26. 12. 2020.

– Полициските службеници ги одземаат возилата кои се технички неисправни или учествуваат во сообраќајот, а важноста на сообраќајната дозвола им е истечена повеќе од шест месеци, односно се нерегистрирани. Новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, предвидува полицијата да може на сред автопат или на која било друга сообраќајница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај ако се посомнева дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена, информираат од полицијата.

Казната за физичките лица можат да бидат и поголеми од 250 евра доколку прекршокот го загрозува животот и здравјето на луѓето. Новина од законот е тоа што се укинуваат негативните поени во возачките книшки, а нема веќе замена на казната за негативни поени.

Возилото ќе се одзема на три месеци и ако не е регистрирано или пак создава голема бучава, а на три дена во случај да е неисправно. Ваквите возила полицијата ќе може да ги задржи три месеца.

Во измените се вели дека полициски службеник може да одземе возачка дозвола или да исклучи возач од сообраќајот доколку возачот управува со возилото во лоша психофизичка состојба, под дејство на дрога и алкохол или пак доколку има предвидено или впишана забрана за управување со моторно возило.

Што се однесува до намалувањето на висината на казните за дела што не се животозагрозувачки, за непрописно престигнување казната се намалува од 300 на 250 евра, а исто и за возење во еднонасочна улица. За некористење на трепкачи, ќе се казнува со 35 евра. Ако не се вклучени соборните светла преку ден казната ќе биде 15 евра, а за незапалени светла навечер – 35 евра.