Полицијата нашла голема количина пиротехника кај охриѓанец

38

Охридската полиција пронашла и одзела 13.000 парчиња пиротехнички средства од 44-годишниот И.Ш. од Охрид.

СВР Охрид денеска соопшти дека пиротехниката е најдена при претрес во домот на И.Ш.на улицата „Гоце Делчев“, а потоа и во неговата продавница за обувки лоцирана во Градскиот пазар во Охрид.

По целосно документирање на настанот, СВР Охрид против И.Ш. ќе поднесе соодветна пријава.