Политичари, под итно направете нешто! Драматичен апел на германските научници

212

Германија со недели се бори со третиот бран на пандемијата од коронавирус и досега може да се каже дека не ја добива битката. Ова е потврдено со најновите драматични апели на водечките германски научници, Кристијан Карагијанидис и Кристијан Дростен.

Според германските медиуми, веќе неколку недели се повеќе и повеќе пациенти со Ковид-19 се префрлаат на одделенијата за интензивна нега низ цела Германија, а слободни болнички кревети има се помалку.

„Ве молиме конечно да делувате“, драматично, преку „Твитер“, ги замоли германските власти Кристијан Карагијанидис, научен директор на Регистарот за интензивна нега „Диви“.

Во апелот веднаш му се придружи и водечкиот германски виролог, Кристијан Дростен, кој го опиша барањето на Карагијанидис како „итен повик за помош“.

Во германските градови, како Бон, Бремен и Келн, едвај има слободни кревети за пациенти кои претрпеле тежок срцев удар или сообраќајна несреќа, но и за пациенти заразени со коронавирус.

„Почитувани политичари, колку повеќе треба да се зголемат бројките пред да одлучите конечно да реагирате?“, запраша Карагијанидис на „Твитер“, за што потоа објавија голем број германски медиуми.

Индекс.хр