Политико: Борисов многу добро ја разбира играта во ЕУ

160

Унгарците и Полјаците треба да гледаат и да учат од бугарскиот премиер Бојко Борисов, вистински мајстор за тоа како се игра играта на владеењето на правото во ЕУ, пишува „Политико“.

На домашен фронт, Софија е во политичка криза која трае веќе три месеци, бидејќи се зголемуваат тензиите околу тоа дека олигархиската мафија ефекасно ја зазеде државата. Но Борисов беше насмеан кога пристигна денеска во Брисел, крајно свесен дека незастрашувачкиот извештај на Комисијата за владеењето на правото, објавен вчера, не му донесе главоболки, пишува Политико. Всушност, Борисов се заблагодари и ја пофали Комисијата за нејзиниот „крајно објективен“ извештај за Бугарија. Тој смета дека извештајот повеќе претставува приказ на преостанатите чекори што Бугарија треба да ги преземе за да биде „одличен ученик“, пренесува БГНЕС..

Политико додава дека бугарскиот премиер многу добро ја разбира играта во ЕУ. „Со пријателите од Европската народна партија, како што е германската канцеларка Ангела Меркел, тој знае дека може само да ветува и да не реализира. Во Бугарија сè уште нема осуди за корупција на високо ниво.

По првпат, Европската комисија објави извештај со анализа на владеењето на правото во сите земји на ЕУ, кој нотираше многу проблеми кога станува збор за Бугарија.

Извештајот на Европската комисија ги констатираше проблемите кои со години се очигледни за Бугарите. Но, кога го коментираме овој извештај, мора да сфатиме дека колку што е критички настроен кон Бугарија, толку е самокритичен и кон самата ЕУ, бидејќи тоа е признание за долгогодишен неуспех во борбата против неконтролираната корупција, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев по повод извештајот за Бугарија.

Извор:МИА