Поранешното момче на починатата Ен Хеч поднело судско барање, тврдејќи дека глумицата позајмила 157.000 долари од него, една година пред нејзината смрт во август.
Во тужбата и документите околу долгот се наведува дека американската глумица се согласила да му ги враќа парите на Томас Џејн (53) на месечни рати од 10.000 долари. Според наводите, неговите адвокати тврдат дека покојната глумица не му го вратила долгот целосно – сѐ уште должи 149.106,04 долари. Тој, исто така, од нејзините наследници бара 18,77 долари дневно како камата.
Хеч и Џејн биле заедно од април 2019 година. Во времето на кобната сообраќајна несреќа во август годинава, тие не биле во врска.
Актерката почина трагично летово, кога со својот „Мини купер“ се заби во куќа во Лос Анџелес. Таа по несреќата падна во кома и остана во критична состојба сѐ додека не ја исклучија oд апаратите за одржување во живот.