Познат рапер обвинет за групно силување на 17-годишна тинејџерка

352

Раперот Шон Комбс, попознат како Паф Диди, е обвинет за групно силување и сексуална трговија на 17-годишна тинејџерка.

Против еден од најпознатите рапери и милионери за три недели беа поднесени четири тужби за сексуална злоупотреба, а тие следеа откако првата тужба беше решена со договор меѓу неговата поранешна партнерка и Диди, пејачката Каси.

Неговата поранешна партнерка го обвини за сексуално и физичко малтретирање, но не е познато со колку пари се решени несогласувањата меѓу поранешните партнери.

Паф Диди ги негираше следните две тужби што следеа преку неговиот ПР, а четвртата беше поднесена во Федералниот суд во Менхетен.

Според четвртата тужба, Паф Деди, неговиот пријател Харв Пјер и уште еден маж чиј идентитет не е откриен, дрогирале и силувале 17-годишна девојка во 2003 година.

Покрај тужбата, објавена е и фотографија од тинејџерка која му седи во скут. Раперот тогаш имал 34 години. Во тужбата се наведува дека 17-годишната девојка доживеала „огромна емоционална вознемиреност и се срамела од она што го доживеала и дека тоа ја мачело и и го нарушило животот“, пишува Page Six.