Според шпанските медиуми, Ла Лига ќе продолжи на 8 јуни, а натпреварите ќе се играат без присуство на публиката. Оваа одлука ја донесе шпанскиот премиер, Педро Санчез.

  • Шпанија направи се што е потребно за да создадат соодветни услови за живот и сега е вистинско време народот да се врати на своите дневни активности. На тој начин, од 8 јуни повторно ќе гледаме фудбал во Шпанија, истакна Санчез, а пренесува „Марка“.

Пред крајот на сезоната, Барселона беше првопласираната во Ла Лига со 58 бода, два повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, додека Севилја беше на третото место со 47 бодови.