Познати четвртфиналистите во македонскиот фудбалски куп

19

Фудбалерите на Силекс останаа во игра за одбрана на трофејот во Македонскиот куп, откако попладнево обезбедија пласман во четвртфиналето со триумф на гостувањето кај струмичка Беласица.

Пласман меѓу осумте најдобри екипи во најмасовното клупско натпреварување обезбеди и второлигашот Вардар елиминирајќи го попладнево на пенали градскиот ривал Скопје.

Резултати од осминафиналните натпревари:

Академија Пандев – Македонија ЃП 1-1 (3-5 пенали)
Брегалница – Охрид 4-0
Пелистер – Работнички 0-0 (5-4 пенали)
Шкендија – Ренова 5-0
Шкупи – Тиквеш 1-0
Вардар – Скопје 0-0 (4-2 пенали)
Беласица – Силекс 1-3
Струга 0 Борец 1-1 (5-4 пенали).

ФОТО: П.Стојановски