Ракометната репрезентација на Франција покажа моќ во четвртфиналниот дуел со Германија на Светското првенство во Шведска и Полска, победувајќи ја убедливо со 35:28.
Најдобар кај стрелците беше Фабрегас со пет гола, додека Мае, Ремили, Ричардсон и Турнат погодија по четири пати. Кај Германија, капитенот Гола постигна шест гола, пред Кнор со пет, исто колку што даде и Мертенс, а Штајнерт заврши со четири.
Франција во полуфиналето на шампионатот повторно ќе има тешка задача, бидејќи ќе се соочи со домаќинот Шведска, која го елиминираше Египет со 26:22
Екберг беше најдобар стрелец на мечот со шест гола, пред Јохансон со четири реализации, а кај Египет, Када имаше пет гола.
Во второто полуфинале силите ќе ги одмерат Данска и Шпанија. Данците до место во полуфиналето дојдоа по победата над Унгарија со 40:23, додека Шпанија во суперинтересен натпревар ја елиминираше Норвешка со 35:34