Познати првите 10 финалисти на Евровизија

131

Вечерва во Тел Авив се одржа првата полуфинална вечер на овогодинашниот Евросонг, на кој настапија изведувачи од 17 земји. Веќе се познати и првите 10 финалисти, кои во сабота вечер ќе се борат за освојување на наградата песна на Евровизија.

Ова се 10-те финалисти кои вечерва се пласираа во финалето кое ќе се одржи во сабота во Тел Авив.

1.Грција

2.Белорусија

3.Србија

4.Кипар

5.Естонија

6.Република Чешка

7.Австралија

8.Исланд

9.Сан Марино

10.Словенија

Директно учество во финалето обезбедија Шпанија, Франција, Обединетото Кралство, Германија и Италија, како и домаќинот Израел.

Нашата земја ќе настапи во втората полуфинална вечер која ќе се оддржи во четврток, а ќе ја претставува Тамара со песната „Горда“.