Познати првите финалисти на изборот на песна на Евровизија

272

Првите 10 финалисти по првата полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија се: Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија.

Во вечерашното прво полуфинале на Евровизија настапија 17 земји учеснички.

Со свои песни се претставија Албанија, Латвија, Литванија, Швајцарија, Словенија, Украина, Бугарија, Холандија, Молдавија, Португалија, Хрватска, Данска, Австрија, Исланд, Грција, Норвешка и Ерменија.

Втората полуфинална вечер ќе се одржи во четврток на 12 мај кога и треба да настапи македонската претставничка додека пак, финалето е закажано за сабота, 14 мај.