Позната причината за прекинот на летовите од белградскиот аеродром -багер ги пресекол жиците за напојување со струја

168

Причината за прекинот на сообраќајот од белградскиот аеродром е прекин на напојување со струја, кој го предизвика – багерист.

Тоа го соопши министерот за градежништво, сообраќај и инфраструктура Горан Весиќ.

„Тукушто одлета првиот авион од Аеродромот Никола Тесла по прекинот кој траеше повеќе од еден час поради кинење на каблите за напојување со струја од страна на багерист. Бидејќи безбедноста на патниците е најважна, летовите се веднаш воспоставени по отстранувањето на дефектот,напиша Весниќ на Твитер.

Тој додаде дека министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура и Директоратот на цивилното воздухопловство на Србија побарале официјален извештај, а дека инспекциите ќе утврдат како дошло до прекин на сообраќајот.

Претходно денес аеродромот соопштѕи дека полетувањата и слетувањата биле прекинати од технички причини.