Позади хакерските напади стојат луѓе, а не технологии!

133

Цел на конференцијата беше истражување и размена на инфорамции, практики и теоретски сознанија за улогата на корпоративната безбедности успешно водење бизнис кај современите корпорации. Учествуваа и свои трудови презентираа угледни професори и стручни лица од областа на безбедноста, меѓу кои професорите од ЕУРМ

Безбедноста и економскиот развој, во ерата на глобална меѓузависност и поврзаност на националните економии, блиску се поврзуваат. Различните безбедносни ризици негативно делуваат врз протокот на луѓе и капитал, а стабилниот стопански развој и успешно обезбедување на јавните услуги го поттикнуваат легитимитетот и јакнењето на социјалната кохезија на државите. Неадекватната подготвеност на корпорациите за идентификување и реагирање на симптомите на латентните и стратешки кризи драстично го загрозува нивното работење. Остварувањето на профит, како стратешка цел на деловните субјекти, се повеќе е загрозено од различните закани и ризици. Затоа, корпоративната безбедност како модел за заштита на корпорациите од различните надворешни и внатрешни загрозувања овозможува донесување адекватни менаџерски одлуки на ниво на компанија. Ова го истакна професор д-р Атанас Козарев декан на Факултетот за детективи и криминалистика на ЕУРМ и претседател на Асоцијацијата за корпоративна безбедност на Четвртата меѓународна и стручна конференција “ Интегрирана корпоративна безбедност-Дигитални трансформации како предизвик за академската заедница и модерните корпорации која во организација на Асоцијацијата за корпоративна безбедност и Агенцијата за приватно обезбедување Никоб, се одржа во Скопје.
На конференцијата имаше импозантен број на учесници , меѓу кои и голем број на амбасадори,  од државата и регионот .

Цел на конференцијата беше истражување и размена на инфорамции, практики и теоретски сознанија за улогата на корпоративната безбедности успешно водење бизнис кај современите корпорации. На конференцијата учествуваа и презентираа трудови угледни професори и стручни лица од областа на безбедноста, меѓу кои професорите од ЕУРМ проф. Д-р. Зоран Јолевски, проф др Алекса Стаменковски, проф др Александра Станковска, проф др Љупчо Сотировски, доцент др Васко Стамевски, проф др Фердинанд Оџаков, асистент м-р Тања Јовановска, асистент м-р Тања Крстева, асистент м-р Ебру Ибиш, м-р Марија Цижалоска.

Од регионот, меѓу експертите беа и проф. др Драган Триван, претседател на српската асоцијација на менаџери за корпоративна безбедност, проф. др Лада Садиковик од факултетот за криминистика, криминологија и сигурносни студии од БиХ, проф др Томо Борисов, заменик ректор на ВУСИ од Бугарија, доц. Др. Сеџад Милановик, министер за економија, правник, од БиХ, доц.др. Маид Паевик професор од БИХ, доцент др. Владица Бабик од Србија… Забележителни беа и трудовите на студентите од факултетот за детективи и криминалистика при ЕУРМ. Милош Божиновски, ЕУРМ, кој имаше свој труд на конференцијата,  вели дека кривичните дела од стопанскиот криминалитет првенствено ја загрозуваат безбедноста на корпорациите.
-Најчесто овој вид на криминалитет го извршуваат вработените во компаниите во договор со деловните партнери (работа на штета на компаниите, мито, корупција, измама, проневера, кражба, мито и корупција). Деструкциите, измената на податоци, прекин на работата на системските сервиси (ДОС напади), шпионажата и неовластеното користење претставуваат напади изведени од хакери, кракери, вандали, комјутерски криминалци или е-терористи. За жал позади сите малициозни напади стојат луѓе, а не технологии. Луѓето извршуваат криминални дела и тоа секогаш со некаква причина (најчесто поради лична корист). Компјутерскиот криминал како главен мотив за своето делување има материјална добивка, вели Божиновски.

Сопственикот на Никоб,Кирил Лазаров кој од неодамна е и претседател на Македонско-бугарска стопанска комора им додели плакети на истакнати експерти,професори и бизнисмени од земјава и странство.