Пожолте водата во Вардар кај Долно Лисиче

85

Водата во реката Вардар кај Долно Лисиче пожолте. Од Инспекторатот на Град Скопје излегоа на терен и по извршениот инспекциски надзор земени се мостри од водата на кои ќе се прави лабораториски анализи.

– Во координација со директорот на Државниот инспекторат за животна средина беа испратени се инспектори на терен. Земени се  урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000 евра – информираа од Инспекторатот на град Скопје.