Пожар избувна во близина на Прешево: Огнената стихија со часови не стивнува/ВИДЕО

153

Пожар од големи размери беснее во околината на српскиот град Прешево веќе цели три часа.

Противпожарните екипи се на терен, а се прават и обиди пожарот да се изгасне од воздух.

Постои закана огнената стихија да уништи зимзелена шума. Ситуацијата и натаму се следи.