Дома СВЕТ Пожар близу Лос Анџелес: две лица загинаа, 100.000 евакуирани

Пожар близу Лос Анџелес: две лица загинаа, 100.000 евакуирани

43

Во долината Сан Фернандо, северно од Лос Анџелес, до утрово се прошири пожарот на повеќе од 1.900 хектари, и се шири по 320 хектари на секој час, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес.

Официјални лица соопштија дека еден човек починал од срцев удар, припишувајќи го тоа на пожарот. Според портпаролката на противпожарната служба во Калифорнија, Кети Метингли, едно лице загинало во пожар што зафатил парк на мобилни куќи во округот Риверсајд, источно од Лос Анџелес. Таа рече дека има и повредени во пожарот, но не може да прецизира колку.

Наредена е евакуација за околу 100.000 луѓе, кои не треба да очекуваат дека наредбата ќе биде укината во следните неколку дена, соопштија властите.

– Ова е многу динамичен пожар, истакна началникот на противпожарната служба Ралф Теразас, додавајќи дека луѓето не треба да чекаат да заминат.