Пожарот во населбата Автокоманда експресно изгаснат

445

Команданот на скопската противпожарната бригада Владимир Симоновски потврди дека во пожарот во населбата Автокомада кој избувна попладнево всушност се случил во напуштен објект, поранешна озризара на 3 ката на улица Романија, позади маркетот Меркур.

Во гаснењето на пожарот учествувале 20 пожарникари и благодарение на брзата интервенција тој бил изгаснат за 15 минути.

Изгорена е кровната конструкција.

Причината се уште не е позната, можно е да последица на бездомни лица кои можеби престојувале во напуштениот објект или да е намерно подметнат.