Пожарникарите на Аљаска ги викаат напомош и за ова:Во подрум на семејна куќа затекнат лос тежок 220 килограми

79
Фото: Central Emergency Services for the Kenai Peninsula Borough, firefighters from Central Emergency Services with personnel from the Alaska

Пожарникари на Аљаска добиле необичен повик за помош минатиот викенд. Ги повикале од здружението за заштита на диви животни барајќи помош за извлекување на лос од куќа.

„Побараа од нас да им помогнеме да спасиме лос од подрум на семејна куќа“, изјави шефот на пожарникарите за медиумите, пренесува КТЛА Утрински вести.

Се покажало дека едногодишниот мажјак лос малку залутал во неделата наутро во потрага по доручек, па пропаднал низ прозорецот и останал заробен во куќата.

„Изгледа се обидувал да јаде од билките засадени на подрумскиот прозорец и пропаднал низ прозорецот директно во просторијата“, изјавија пожарникарите.

Несреќното животно останало заробено долу, а исплашеното семејство веднаш повикало помош.

Билологот од Оделението за риба и дивеч на Аљаска успеа да му даде седатив на животното, но не и да го успие.

„И понатаму гледаше наоколу и седеше, само не можеше да трча“, наведоа пожарникарите.

По седацијата, главниот проблем бил изнесувањето на лосот, кој тежи најмалку 225 килограми, од куќата.

Импровизирајќи малку, спасителите земале голема транспортна церада која обично се користи како носилка за луѓе. Кога лосот бил на позиција, биле потребни шест мажи да го изнесат низ куќата, а потоа надвор во дворот.

Фотографиите од утринското спасување покажуваат како лосот, воопшто невознемирен, гледа пред себе меѓу двајцата мажи кои маневрираат со предната страна на церадата низ ходинкот, гледајќи како заминуваат.

Шефот на пожарникарите изјави дека лосот само „кулирал“ одредено време пред да излезат надвор кога почнувал да чувствува дека седативот го губи дејството.

За тоа време боилог ги лечел помалите исеченици на задната страна од ногата на лосот од падот низ прозорецот.

Кога седативот го изгубил дејството, лосот очигледно се заситил од човечкото дружто и сакал да се врати во дивината.

„Само стана и замина“, рече Томпсон.