Поетесата Славица Гаџова Свидерска се закити со награда за поезија на поетскиот фестивал во Мелник

138

На јубилејното, 25-то издание на поетскиот фестивал „Мелнички вечери на поезијата“ во Мелник, Бугарија, поетесата Славица Гаџова Свидерска доби награда за песната „Картографија на себеси“.

Овој поетски фестивал има долга традиција и секоја година ги собира поетите од регионот во живописниот Мелник.

На овој фестивал своевремено бил награден и македонскиот поетски великан Гане Тодоровски.

Славица Гаџова Свидерска е авторка на поетските книги „Бесконечност“ (2001), „Писма“ (2012), „Политики на љубовта“ (2015), „Тела“ (2016), „Политики на стравот“ (2021) и „Golgotha feminarum“ (2023). Добитничка е на наградите: „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата (2012), „Караманов“ (2016), „Лирата на Орфеј“, во Пловдив, Бугарија (2019), „Македонска поетска авангарда“ (2021) и „Антев златник“ (2022). Нејзината поезија е преведувана на англиски, кинески, бугарски, српски, хрватски, босански, чешки, словачки, турски и албански јазик.