Поевтина опција од хотел е да се сместите во борделот „Паша“

719

Љубителите на фудбалот со нетрпение го очекуваат почетокот на Европското првенство во Германија.

Речиси и да нема навивач што не би сакал да ги следи во живо натпреварите на омилената репрезентација, но ова задоволство е прилично скапо. Превоз, сместување, билет…

Затоа, медиумите во Англија пресметале дека е поповолно да се спие во бордел отколку во хотел или, пак, да се изнајми стан.

„Дејли стар“ пренесе урнебесна приказна од Келн, градот каде што ќе играат Англичаните против Словенија, во 2. коло. Така, навивачите може да најдат сместување во борделот „Паша“, низ кој дневно минуваат околу 1.000 гости.

– Имаме на располагање 13 еднокреветни соби. Една чини 199 евра и вклучува појадок и влез во нашиот ноќен клуб и бордел – изјавил за „Дејли стар“ еден од менаџерите.

Цената за ноќевање во борделот во текот на Европското првенство ќе чини 199 евра и во неа се вклучени појадок и пристап до ноќниот клуб.