Подобро цртан филм отколку Сити како игра фудбал

549

На едно коло до крајот на актуелната сезона во англиската Премиер лига, бранителот на тронот, тимот на Манчестер Сити, е првопласиран со 90 бода, еден повеќе од второпласираниот Ливерпул. Се е во рацете на избраниците на Пеп Гвардиола кои ќе ја освојат шампионската титула доколку слават во саботниот натпревар против Астон Вила. Ливерпул остана во игра за трофејот благодарение на пресврт победата против екипата на Саутемптон, а по натпреварот, капитенот на „црвените“, Џордан Хендесон, испрати неколку отровни стрели кон „Итихат“.

  • Манчестер Сити има одличен тим, тие не испуштаат толку лесно бодови. Најчесто, не ги гледам нивните натпревари. Начинот на кој играат не е убав за гледање и најчесто тогаш гледам некој цртан филм со моите деца. Сепак, станува збор за фантастичен тим, имаат фантастичен менаџер. Ние од почетокот на сезоната го даваме својот максимум и затоа првенството е максимално неизвесно до самиот крај. Сите треба да бидат горди на нашите фудбалери, изјави репрезентативецот на Англија.

Ливерпул се уште може да дојде до шампионскиот трофеј. Тимот на Јурген Клоп мора да ја добие првенствената пресметка против екипата на Вулверхемптон и мора да се надева дека Астон Вила нема да загуби од Манчестер Сити. Со победа „црвените“ ќе имаат 92 бода, а Сити ќе остане на 91 бод, во случај на реми или 90 бода доколку загуби.