Британските гласачи претпочитаат Брегзит без договор отколку Џереми Корбин да стане премиер. Тоа е нагласено во анкета на европското издание на Политико.
Анкетата е спроведена врз 995 луѓе. Во неа, 43 отсто анкетирани сметаат дека ако лидерот на опозициската Лабуристичка партија Џереми Корбин стане премиер тоа би бил најлош „резултат”, додека 35 отсто велат дека Брегзит без договор би бил најлошо сценарио.
Околу една четвртина се со став дека и двете опции (Корбин премиер и Брегзит без договор) се лоши.
Запрашани за тоа кој би бил најдобар премиер, 40 отсто анкетирани се за Џонсон, додека само 18 отсто го претпочитаат лидерот на опозицијата.
За предвремени избори во октомври – 46 отсто се „за” и 36 отсто „против”. Конзервативците во анкетата водат пред лабуристите со седум отсто.