
Шпанскиот прволигаш Вилјареал се вклучи во трката по потписот на првиот голман на актуелниот шампион на Хрватска, тимот на Динамо (З), Доминик Ливаковиќ. Репрезентативниот голман не крие дека сака да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок, а шпанските медиуми открија дека раководните лица на „жолтата подморница“ се подготвени да одвојат околу 8 мил. евра за неговото обештетување.