Варениот кромид е добар за дишните патишта, а тоа е она што се бара годинава. Ова е стар арапски специјалитет кој се прави и кај нас, но изгледа е подзабравен па можеме да се потсетиме.

Потребно е:

  • неколку главици кромид
  • мелено месо
  • ориз
  • сос од домати
  • маслиново масло
  • рендан домат
  • босилек
  • сол
  • бибер

Подготовка:

Кромидот се чисти од лушпата, се засекува до половина и се става во зовриена вода со сол да се вари десетина минути. Кога ќе се излади, се двојат слоевите на главицата кромид.

Во меѓувреме, подгответе го мастрафот за полнење: во длабок сад измешајте го месото со рендан домат, неварен ориз, сечкан босилек, масло, сол и бибер.

Наполнете ги слоевите кромид и стуткајте ги како сарми, па наредете ги во тенџере. Врз нив посипете доматен сос. Кога ќе зоврие, покријте со чинија која ќе помогне „сармите“ да не се растурат при варењето. Покријте со капак и варете на тивок оган околу два часа.

https://www.facebook.com/TasteLifeOfficial/videos/2684145081900706