Поделени 25 пакети и храна за социјално загрозени стари лица во Сарај

70

Преку социјалниот сервис ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, Црвен крст на град Скопје подели 25 пакети храна за социјално загрозени стари лица на територија на општина Сарај, по повод празникот Курбан Бајрам.

Како што информираазт од Црвениот крст на град Скопје, лицата се корисници на социјалниот сервис за стари лица на Црвен крст и во континуитет се поддржувани во изминатиот период, со што им се олеснува нивното секојдневие.

Сервисот е поддржан од Фондацијата „Албиз“ и Град Скопје.