Подготвителни активности за конзервација на црквата „Свети Власие“ на штипскиот „Исар“

77

Почна реализацијата на проектот „Културен мост низ вековите“, а кој ќе се реализира преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.

Проектот ќе овозможи по подолго време работа на археолозите на северниот дел од тврдината „Исар“. Директорот на Заводот за заштита на споменици и Музеј на Град Штип, Митко Штерјов појаснува дека во рамките на проектот предвидена е конзервација на црквата „Свети Власие“.

„Исто така ќе се работи и на бедемот, одбранбените ѕидови околу неа и тој целиот дел да се направи како туристичка понуда, односно да се направи патека до црквата, ќе се постават клупи и осветлување“, вели Штерјов.

Со потпишување на договорот меѓу двете страни, проектот веќе е почнат со реализација од септември 2019 година, а активностите на терен се планирани на пролет, кога ќе овозможат временските услови, а планирани се и обуки и други настани во рамките на овој проект.