Погба сака да се врати во Италија

16

Агентот на Пол Погба, Мино Раиола, објави дека неговиот клиент нема ништо против да се врати во неговиот поранешен клуб Јувентус по ЕП 2020.

Во последните неколку месеци се појавија многу шпекулации околу иднината на играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед. Англиските медиуми се убедени дека Французинот ќе ја промени клупската средина доколку клубот повторно не обезбеди пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.

  • Желбата на Пол е да игра на највисоко можно ниво, но тој не може да избега од Манчестер Јунајтед кога екипата е во тешка ситуација. Затоа тој остана во тимот. Сепак, тој нема да има ништо против да се врати во Јувентус по Европското првенство, изјави Раиола.