Погба недостапен и за 200 мил. евра

40

Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба нема да биде продаден на Реал (М) дури и за 200 милиони евра.

Според шпански „АС“ Манчестер Јунајтед е против продажба на францускиот интернационалец. Поради тоа, Погба ќе мора да помине најмалку уште една сезона во англискиот клуб.

Минатата сезона, 26-годишнито Французин настапи на 47 натпревари за Манчестер Јунајтед на кои постигна 16 погодоци и забележа 11 асистенции. Неговиот договор со англискиот клуб е со важност до 30 јуни 2021 година.

Вредноста на Погба на фудбалскиот пазар во моментов се проценува на 100 милиони евра.