Повторно се чисти дивата депонија покрај патот Струмица – Валандово

60

На неколку километри од излезот на Струмица, на патниот правец кон Валандово, повторно никна дивата депонија.

– И покрај тоа што на локацијата е поставена табла дека е забрането фрлање отпад, несовесни граѓани и компании повторно ја „отворија“ веќе исчистената дива депонија – информираат од ЈПКД „Комуналец“.

Екипи на комуналното претријатие почна со чистење на депонијата и при тоа апелираат граѓаните да се однесуваат поодговорно и да не го фрлат тука градежниот шут и отпад, туку да се обратат до ЈПКД „Комуналец“ за да биде подигнат.