Повторно почна со работа училиштето во ресенското село Асамати

32

Општина Ресен го стави во функција подрачното училиште во селото Асамати кое долги години беше запуштено и затворено, а во еден период користено од Друштвото за заштита на птици.

Оттаму велат дека на иницијатива на градоначалникот Живко Гошаревски со просториите на училиштето повторно раководи општината, со што старото училиште сега има нови простории.

– Реконструкцијата, адаптацијата и опремата на новите простории е извршена со помош на жителите на Асамати и градоначалникот Гошаревски. На почетокот од второто полугодие градоначалникот на учениците и наставниците им посака успешен образовен процес во новите училишни простории, а со родителите го сподели заедничкото задоволство – посочуваат од општина Ресен.

Ангажманот на општината овозможи со години старите и запуштени простории на подрачното училиште во селото Асамати, кои досега беа без елементарни услови за одвивање на настава, да се заменети со нови и одлично опремени простории во кои настава ќе посетуваат децата од нижото образование.