ПОВТОРНО ПОЧНАА И ВО СРБИЈА: Дојави за бомби во училишта во Белград

179

На електронските адреси на многу училишта во Белград утринава пристигнала дојава за поставена бомба. Директорите ја известиле полицијата, а децата ги напуштиле училниците.

Директорот на ОУ „Лазар Саватиќ“ од Зремун, Горан Петровиќ, вели дека дојавите за бомбата биле испратени на сите електронски адреси на веб-страницата на училиштето – библиотекари, психолози…

„Нашите мејлови се нови мејлови. Известувањето за поставената бомба пристигна утрово и беше испратено до сите достапни електронски пораки. Заканите не стигнаа само до нашето училиште, туку колку што сум запознаен до сите училишта во Земун“, рече Петровиќ.