Повлечени четири серии на антибиотици во прав за деца и бебиња од лабораторија Сандоз

87

Француската агенција за лекови соопшти дека вчера повлекла четири серии на антибиотици во прав за деца и бебиња од лабораторијата Сандоз, јави дописникот на МИА.

Станува збор за „две серии на амоксицилин / клавуланска киселина Сандоз 100 mg / 12,5 mg по ml за доенчиња, прашок за орална употребасуспензија во ампула (шишенце 30 mL), и две серии на амоксицилин / клавуланска киселина Сандоз 100 mg / 12,5 mg по ml за деца, прашок за орална употреба суспензија во шишенце (60 ml шише)“.

Во однос на доенчињата, првата група била пуштена во продажба од јануари 2018 година, од кои сите биле речиси исцрпени. Околу 31.000 кутии од втората серија се уште се достапни. Броевите на сериите се: HP6041 (рок на истекување: 30/11/2020) и HP6043 (рок на истекување: 30/11/2020).

Во однос на децата, 24.000 кутии од првата серија и 13.000 кутии од втората се уште се достапни. Сериските броеви се JA0287 (рок на истекување: 30/06/2021) и HZ6881 (рок на истекување: 30/06/2021).

Овие антибиотици се во форма на прашок содржан во шише. Тој треба да се раствори со вода само пред првата употреба, за да се добие течност која му се дава на детето за пиење. Но, според упатството може да се разбере погрешно, бидејќи тоа „упатува на потребата да се додаде вода пред секоја употреба“, наведува Агенцијата. Во овој случај, лекот ќе биде премногу разреден и дозата нема да биде доволна.

– Квалитетот на прашокот на лекот не се доведува во прашање, вели Агенцијата, според која проблематично е само упатството.