Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Координативното тело на македонската дијаспора-Европа, Канада и Австралија со кое повикуваат на масовен сенароден протест за опстанок и заштита на правниот поредок во Република Македонија:
Водени од вистинските европски принципи на почитување на уставот и правната држава, понесени од основните постулати и принципи за самоопределување и идентификација на секој народ од повелбата за човекови права при ООН, македонската дијаспора ширум светот , повикува на голем масовен протест пред собранието на Република Македонија, во среда на 9 јануари 2019 година.
Тој ден ќе биде судбоносен за разбирање на минатото и иднината на македонскиот народ и држава. Ден кога нелегитимното собрание и влада ќе ги гласат уставните промени со цел бришење на државата Република Македонија и на македонскиот народ и нација.
Дали мирно ќе ги набљудуваме часовите на политичко самоуништување или националната свест ќе ги надмине анемничните духови? Должност и чест е на секој Македонец, да го даде својот допринос во опстојувањето и заштитата на правниот поредок и држава.
Сите кои се чувствуват како достојни Македонци , време е да го обележиме историскиот ден на револт и промена.
Барања:
1. Распуштање на нелегитимното собрание и влада.
2. Повик до Претседателот Ѓорги Иванов да ја повлече гаранцијата дадена на Заев за формирање влада.
3. Отпочнување преговори во ООН под уставното име Република Македонија.
4. Предвремени парламентарни избори .
Македонија вечна!
Женева, Мелбурн , Торонто,
3 јануари 2019 година.
Координативно тело на македонската дијаспора-Европа, Канада и Австралија