Повеќе од половината Белгијци ја губат довербата во вакцината „АстраЗенека“

258

Анкета на белгиското здружение за заштита на потрошувачите покажува дека на 57 отсто од граѓаните во Белгија им е поткопана довербата во вакцината на „АстраЗенека“,  поради постојаните проблеми со оваа компанија.

Анкетата е извршена меѓу 26 и 30 март, односно пред потврдата на Европската Агенција за лекови за поврзаноста со згрутчувањето на крвта.

„АстраЗенека“ од самиот почеток се соочува со проблеми во Европа: непочитување на договорите за дистрибуција на дозите, недоволни тестови кај постари лица, ризик од тромбози. Овие тешкотии се одразиле и на општата доверба во вакцините во Белгија, бидејќи 41 отсто од граѓаните изјавиле дека губат доверба во сите вакцини поради проблемите со „АстраЗенека“.

Извор: МИА