Поранешниот светски тениски рекет број еден Русинот Марат Сафин, секогаш се истакнувал со своето посебно однесување, а таков остана и откако се пензионираше од тенисот. Во разговор за рускиот спортски портал „спорт.ру“, откри дека сексот воопшто не го интересира и дека не е верник
- Религијата не постои. Сите знаат дека тоа е измислица со која се лажат луѓето за да имаат изговор за неуспехот во животот. Дали луѓето навистина мислат дека таму некаде седи Бог и ѓавол и одлучуваат кој каде ќе оди, изјави Сафин.
Русинот беше највисоко рангирана на АТП листата во ноември 2000 година, односно стана светски рекет борој еден по победата на Австралија опен и САД Опен, а заради однесувањето на теренот фо споредуваа со Горан Иванишевиќ. Многумина смеатаат дека неговото контроверзно однесување до принело да нема подобра кариера.
Често го поврзувале со старлетите, а иако во младоста бил прилично темпераментен, денеска води мирен живот.
- Немам жена, немам девојка, а немам ниту вонбраќна ќерка за која се зборува. Сега најмалку ме интерсираат љубовни врски. Не сум повеќе клинеци немам желба за секс, објасни Марат Сафин, кој во минатото беше во жешка врска со сега веќе поранешната сопруга на Роман Абрамовиќ (сопственикот на премиерлигашот Челзи), Дарија Жукова.