Повеќе жени го обвинија големиот Пласидо Доминго за сексуално вознемирување

113

Повеќе жени го обвинија славниот оперски пејач Пласидо Доминго за дека се обидел да ги присили на сексуални односи нудејќи им улоги.

Исто така, некои жени наведоа дека поради непристојните коментари на Доминго се чувствувале непријатно, а повеќе десетини луѓе од светот на операта изјавија дека биле сведоци на непригодното однесување на славниот пејач кон помлади жени.

Домниго ги нарече таквите наведувања „длабоко вознемирувачки и неточно претставени“.

„Верувам дека сите мои разговори и односи биле добредојдени и обострано прифатени“, наведе тој.

Седум до девет жени кои изнесоа обвинувања кажаа дека чувствуваат како одбивањето на понудите на Доминго негативно влијаеле врз нивните кариери и дека никогаш не ја добиле улогата што им ја ветувал.